Јапонци наздравуваат со македонско вино и играат македонски ора

Има ли нешто подобро од тоа кога ќе дознаете дека илјадници километри од ова парче земја се наздравува со македонски вино и се игра на толку специфичниот македонски седум осмински ритам.
Таква е веста која ни доаѓа од јапонскиот град Чигасаки, каде се оддржува фестивал  на кој се презентираа храната и виното на повеќе земји, а на кој група Јапонци, облечени во македонски народни носии играа македонско оро и нудеа македонски вина.

 

Дека не е обичен настан говори и податокот дека фестивалот бил посетен од повеќе од 40.000 гости.