Во чест на манифестацијата Божуле Нуво (Младо вино) која се одбележува секој трет четврток во ноември, здружението на македонски винари и годинава ќе го организира традиционалниот избор на најдобри млади вина произведени во домашни услови.
Вообичаено дегустацијата и оценувањето ќе го врши стручна комисија, составена од енолози од “Земјоделски Факултет” при Универзитет “Гоце Делчев” од Штип и Здружението на македонски винари.
Сите заинтересирани домашни производители на вино можат да достават неограничеб број на мостри од своето домашно вино најдоцна до 16ти ноември во продавницата на Еурохандел. За повеќе информации сите домашни производители на вино може да се обратат на следните телефони: 070338464, 071223742 и 071394307.
Доделувањето на признанијата за најдобри вина ќе се оддржи на 21 ноември, четврток, а целиот настан кој ќе започне во 12 часот ќе биде збогатен со промоција на вината од домашните производители, како и промоција на книгата „Каде што реката го бакнуваше небото“ од проф. Билјана Тинтоска.