Лозарите ќе добијат дополнителни 2 денари

Лозарите ќе добијат дополнителна субвенција од 2 денари за килограм предадено грозје за реколтата од 2019 година.

Одлуката беше донесена вчера на седница на Владата, и се однесува на грозјето кое било предадено во регистрирани винарии.

Допoлнителите субвенции за лозарите доаѓаат по низата разговори, но и протести, каде тие порачуваа дека не им е исплатливо да го одржуваат лoзовиот насад, поради ниските откупни цени, но и поради сушата која го намали родот.

Покрај овие субвенции, лозарите добиваат и субвенции од 4.000 денари за декар лозов насад.