Луѓето ширум светот едноставно обожаваат да пијат вино, а според статистиките, на повеќето омилено им е црвеното вино. Но, како да проверите дали црвеното вино што сте го купиле е навистина квалитетно?
Доколку не сте искусен сомелиер, тогаш овој следниот лесен трик за проверка на квалитетот, ќе ви биде од голема помош, благодарение на кој може да откриете дали виното е природно.
Црвеното вино со природна ферментација задолжително содржи одреден процент на гроздово нишесте. Доколку се налее малку од виното во чаша и во истата се додаде и прстофат сода бикарбона, овие две супстанци ќе реагираат и течноста ќе добие кафеаво-зелена нијанса.
Вината кои не се природни се прават од најевтините состојки, односно нискобуџетните производители нема да се потрудат да инвестираат за додавање на гроздово нишесте во течноста и доколку виното не реагира откако ќе додадете сода бикарбона, така ќе знаете дека за жал, виното што сте го купиле не е квалитетно и природно.