Вино од 18 долари се најде на листата топ 100 најдобри вина за 2019та година

Специјализираното списание за вина Wine Enthusiast ја објави својата листа најдобри вина за 2019 година, а таму се најде и шише кое чини помалку од 20 долари.

На листата 100 најдобри вина за 2019, според списанието Wine Enthusiast, се најде и шише вино чија цена изнесува 18 долари.
Станува збор за италијанско вино, со нумерички скор од 94 поени според експертите кои оценуваат врз база на однос квалитет-цена, пивливост и достапност. Верувале или не, на листата, ова вино го зафаќа самиот врв. Го носи името Nino Franco NV Rustico Brut (Valdobbiadene Prosecco Superiore). Најскапото вино на листата изнесува 114 долари, а станува збор за Domaine de la Janasse 2016 Vieilles Vignes Red (Châteauneuf-du-Pape).

img_2658