Како до поголема потрошувачка на вино

Продажбата на вино не е лесна работа и сега повеќе од било кога, винариите треба да се фокусираат на одредувањето на трендовите на потрошувачка за да ја зголемат продажбата. Не само што винариите се натпреваруваат едни со други низ целиот свет, туку и потрошувачите се менуваат. Затоа маркетинг стратегиите мора да бидат во согласност со новите трендови на потрошувачите ако сакаме да имаме зајакнување на продажбата. Еве неколку стратегии како да се извоидте од останатите винарии и да ја зголемите продажбата на вашите вина!

1. АДАПТАЦИЈА

21 век –  сè се врти околу индивидуалноста. Поединците се во центарот и сакаат најголема можна персонализација. Креирање уникатни производи според потребите и желбите на клиентот е неопходно. Затоа, винарските визби мора да станат изразито продажно ориентирани со клиент центричен за да добијат нови клиенти. На пример, винариите да почнат да нудат шишиња вино со етикета со идентитетот на клиентот.

Adapting the product to the consumer needs

2. ТРАНСПАРЕНТНОСТ

Потрошувачите стануваат се поедуцирани и пребирливи, тие донесуваат одлука за купување само откако ќе ги соберат сите информации за производот. Мора да имаат лесен пристап до информациите за производот/виното, а ценовникот е задолжителен. Зголемениот проток на информации преку Интернет им овозможува брзо да ги проверат сите податоци. Транспарентноста се однесува и на квалитетот и потеклото како и информации за транспорт и складирање. Многу винарии го применуваат оваа, прецезираат на етикетите, но поради големиот број на информации и малиот простор на етикетите може да се користи QR код каде што можете да ги чувате сите дополнителни информации и интересни факти што потрошувачите и клиентите можеби ќе сакаат да ги знаат за производот.

Image result for wine qr code

3. АВТЕНТИЧНОСТ И ПРИКАЗНИ

Сметам дека оваа е една од поважните стратегии за која треба да се размислува. Луѓето отсекогаш биле заинтересирани за приказните во позадина, приказни скриени зад производот. Затоа што им дава можност да го искусат производот на различно ниво. Денес вкусот, мирисот и изгледот не се доволни, производите што предизвикуваат посебни чувства ги привлекуваат потрошувачите. Приказната, им дава можност на потрошувачите да го искусат производот на различно „суптилно“ ниво.
Со оглед на фактот дека пазарот е полн со ефтини производи, локалните винарии можат да понудат уникатна алтернатива со своите производи. Локалитетот, висококвалитетни суровини, внимателното производство и интересната приказна се клучот за зајакнување на продажбата. Во моментот, трендовите за маркетинг во голема мера се вртат околу видеата. Винариите кои се во можност, може да вложат пари во добро видео за приказната за лозјето, процесот на производство и луѓето што стојат зад виното. И, потоа „спакувајте“ го видеото во QR-код на етикетата од задната страна на шишето.

Image result for story sell the product

4. ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Во последниве неколку години драстично е зголемена продажбата на производи кои со нивно производство не и штетат на животната средина. Компаниите кои се грижат за животната средина, климатските промени, благосостојбата на животните и се ориентирани кон благосостојбата на работниците, имаат поголем успех во продажба. Истото важи и за вината, потрошувачите претпочитаат да купуваат (па дури се подготвени да платат и повеќе) природни, органски, ниски сулфитни вина. Винариите кои произведуваат вина што се пријателски настроени кон природата, кои користат помалку синтетички пестициди и ѓубрива, рециклираат вода и сл., продаваат повеќе.

5. МИЛЕНИЈАЛЦИ

Миленијалците или Y-генерациите се родени помеѓу 1981 и 2000 – сега се на возраст меѓу 16 и 35 години.
Тие наскоро ќе претставуваат огромно мнозинство на работна сила во светот и затоа се и главни потрошувачи. Миленијалците се генерација која е порасната со ИТ технологијата и се вешти и самоуверени во социјалните мрежи. За разлика од претходните генерации, парите не им се толку важни, тие со оптимизам и надеж ја гледаат иднината, ги ценат предизвиците и се социјално свесни. Тие бараат алтернативи во сите аспекти од нивниот живот – работа, забава, јадење и сл. Поради фактот што нивната потрошувачка штотуку започна и ќе продолжи да расте во текот на следните години, има смисла да се направи чекор поблиску до нивните потреби и желби.

Related image

6. ИНСТАНТ

Потрошувачите се нетрпеливи и сакаат сè веднаш. Ова важи и за испорака на продукти нарачани преку Интернет. Нарачката на производи преку онлајн продавници и мобилни апликации расте од година во година. Винарските визби, доколку се во можност, да им овозможат на потрошувачите да купат вино преку интернет-продавница и да се погрижат за брза испорака. Неодамнешните бројки исто така покажуваат дека сè повеќе луѓе разгледуваат преку мобилни телефони (ова дури и ја надминува употребата на компјутери), така што можеби треба да размислите и да ја прилагодите веб-страницата за прелистување на мобилните телефони и да овозможите купување вино преку мобилни апликации. Размислете и за употреба на мобилни апликации кои се прилагодени за набавка на вино според потребите, преференциите, приликите и оброците на потрошувачите.

Related image

7. СОЦИЈАЛНИ МЕДИУМИ

Социјалните медиуми нудат нова можност за интеракција. Од една страна, им дава можност на винариите лесно да ги сегментираат потрошувачите според нивните лични информации и да овозможат брзо ширење на медиумските пораки на многу голем број на луѓе. Од друга страна, социјалните мрежи им овозможуваат на потрошувачите да комуницираат со винариите и да ги верификуваат сите информации. Вклучување слики и видеа од моменталната состојба на вашето лозје, визба, продажба на вина, итн. во објавите е повеќе од корисно. Одговарајте на пораките и кажете им дека сте тука за нив. Социјалните мрежи, кои во моментов најмногу ги користат купувачите на вина, како и винариите, се: Facebook, Twitter, YouTube, Instagram, како и Pinterest и g+.

8. СПЕЦИЈАЛИЗАЦИЈА

Во последните години постои тенденција во вербата дека секој од нас е посебен и надарен за нешто друго. Додека од друга страна потрошувачите сметаат дека нема разновидност во снабдувањето на пазарот – се чини дека сите ги продаваат истите работи. Како одговор на тоа, се појавуваат нови ресторани и продавници кои нудат многу мал асортиман на производи и / или се специјализирани само за еден производ и / или сегмент. Размислете дали голем асортиман на производи е неопходен и економски изводлив за вашата винарија.

 

Позајмено од: sezavino.mk/