Сангрија и за празниците

Ни доаѓаат празници, а со нив и идеи што сè ќе се најде на трпезата која со љубов ја подготвуваме за најмилите.

Покрај разните јадења, не смеете да заборавите на пијалокот. Затоа ви донесуваме еден предлог: направете вкусна сангрија!

Најдобро од сè е тоа што се подготвува многу брзо, за помалку од 20 минути, совршена е за било која забава, а можете да додадете и состојки кои ги сакате, покрај оние кои одат во оригиналниот рецепт.

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

  1. Излупете ги и исечкајте ги јаболката, па ставете ги во поголем бокал. Додајте парчиња портокал, а потоа малини и брусници. Измешајте со лажица, така што малините нема да се распаднат.
  2. Додајте вино, сок од брусница и шеќер, па повторно полека измешајте. Оставете ја сангријата да отстои 30 минути, а пред послужување, додајте и пиво од ѓумбир и рузмарин.

На здравје!