Винарија Иванови

На југот од ридестиот Балкан, каде сонцето ги истура своите зраци, а господ ја благославил почвата со слад и милост, тоа е нашето Кавадарци.

Семејната винарија Иванов е мини винарија за производство на вино во домашни услови.

Винаријата за своите потреби располага со свои лозови насади. Дел од лозовите насади се во атерот на село Дабниште, место кое е на надморска височина од околу 350 метри, каде преобвладува умерено континентална клима со додирни точки на медитеранска клима, одлични услови за да се направи одличен баланс помеѓу шеќерот и киселините на грозјето. Другиот дел од лозови насади се во месноста по име Лепово, место кое е во близина на село Сопот. 

Главни карактеристики на местото се силниот ветар, жешкото сонце и ладните ноќи, одлични услови за да добие органолептички својства на одредени сорти на грозје, темјаника, траминец, шардоне.

Органолептичките својства ги прави вината свои и со свој тервоар.

Семејниот винар Иванов е самоук винар, кое своето прво вино го направил на неполни 18 години. Долгогодишното искуство и пракса се дел од квалитетот на домашните вина на Иванов.

И бидете наш пријател, засекогаш !!!