На југот од ридестиот Балкан, каде сонцето ги истура своите зраци, а господ ја благославил почвата со слад и милост, тоа е нашето Кавадарци.
Винаријата постои од 2007 година и како таква се наоѓа во регистерот на Министерството за Земјоделие. Лоцирана е во семејниот дом во Кавадарци и е една типична семејна винарија со капацитет од 12.000 литри, која моментално произведува околу 8.000 литри вино. Интересно е дека во нејзината работа најзначајно место има една жена – сопругата Летка. Вината се направени од грозје добиено од сопствени насади од 4 хектари. Од белите вина преовладуваат сортите Шардоне, Смедеревка и Совињон Бланк, а од црвените Вранец и Пино Ноар. Најинтересно за купците е купажата наречена Бордо, од сортите Вранец, Мерло и Каберне Совињон.
Вината се пласираат исклучително на домашниот пазар.
И бидете наш пријател, засекогаш !!!