За подобар секс

Истражувањето спроведено меѓу жени открило дека една или две чаши вино во текот на денот може да придонесат за значително подобар и повозбудлив живот…


…во спалната соба. Истражувачите испитале 800 жени на возраст од 18 до 50 години за нивното сексуално задоволство.

Служејќи се со „индексот за сексуална функција“ – кој го користат лекарите за процена на женското сексуално здравје, откриле дека жените кои пијат вино имаат значително подобри резултати од оние кои го избегнувале алкохолот.

vino-za-podobar-seks

Крајниот резултат се одредува врз основа на неколку фактори како што се сексуалното возбудување, оргазмот, задоволството и болката.

Жените кои пиеле 2 чаши вино дневно оствариле просечен резултат од 27.3 поени во споредба со оние кои пиеле само една чаша вино со 25.9 поени. Оние кои не консумирале алкохол имале 24.4 поени.

– Врската меѓу виното и женската сексуалност е позната уште од времето на античка Грција, а ова истражување го потврдило истото, изјавил водачот на истражувањето др. Никола Мондовани.