Празнични совети

Многу студии ја докажаа врската помеѓу храната, пијалокот и сексот, а со векови некои намирници се сметаат за афродизијаци.

Сепак, научниците не престанаа да бидат фасцинирани од оваа врска, па затоа носат повеќе добри вести. Оние кои сакаат да се релаксираат навечер со чаша црвено вино, ќе го загреат интимниот живот.

Ерогени зони
Во голема студија, научниците откриле дека две чаши од овој пијалок на ден, го охрабруваат лицето да има поголем сексуален апетит. Истото важи и за мажите, но и за жените. Го стимулира протокот на крв во ерогените зони кај жените, па тие стануваат почувствителни, а кај мажите го зголемуваат нивото на тестостерон, што го зголемува либидото.

Гледајте ја дозата
Но, не претерувајте затоа што афродизијачкиот ефект престанува по втората чаша. Барем така велат експертите.