Следниот викенд, фестивал на локална храна и вино во Гевгелија

Општина Гевгелија на 7,8 и 9 ноември ќе биде домаќин на саемската манифестација „Фестивал на локална храна и вино – Гевгелија 2019“.

На фестивалот производителите на храна и вино, како и преработувачите на земјоделските производи и пчеларите од општина Гевгелија, ќе ги изложат своите производи, овозможувајќи им на посетителите да ги дегустираат и да ги купат.

Фестивалот на локална храна и вино „Гевгелија 2019“ ќе се одржи на шеталиштето во Гевгелија, а ќе биде отворен од 11 до 18 часот. Досега своето учество го потврдиле 12 производители на преработки од зеленчук и овошје, здруженија на пчелари, винари и лебопекари и претпријатија за производство на колачи.
Фестивалот ќе биде збогатен со богата културно-уметничка програма, која ќче се одвива на посебно поставената бина на шеталиштето, сите три дена од оддржувањето на фестивалот. Во програмата ќе земат учство фолклорни ансамбли и културно-уметнички друштва од општина Гевгелија, пеачи, танчерски групи, театарска група, ученици од општинските основни училишта и градинките, кои преку песни, игри и ликовни работилници ќе го афирмираат локалното творештво.