Префинети манири според винскиот бон тон

Префинетите манири на масата на која има вино се секогаш одлика на воспитаност, отменост и исклучителност. Иако навидум сето тоа изгледа комплицирано, еве што треба да направите кога ќе се најдете во ситуација во која едноставно сакате да импресионирате.

 
Откога удобно сте сместени на вашата маса, уживањето во вечерта го почнувате со пијалок. Е тука доагаат најчесто до израз манирите. Чашата секогаш се држи за „стол-бчето”, поубаво звучи кога се наздравува, а на тој начин го спречувате загревањето на пијалокот. Покрај тоа на чашата не се оставаат прсти. Единствен исклучок кога е дозволено загревање на пијалокот со дланки е кога е послужено црвено вино чувано во подрум.

wineglass660
Ако дојде до менување на сортата на вино, претходното сервирано вино веќе не треба да се пие. Иако чашата не е празна, можете едноставно да ја оставите. Секако сите ќе имаат разбирање доколку не сакате да ја промените сортата на вино. Кога станува збор за здравиците, секогаш се гледа во очи кога се наз-дравува.

 
На здравје!!!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *