Со кебапчиња, крилца, плескавици, кременадли, вешалици, многумина не можат да замислат ништо друго освен кригла со ледено пиво. Генерално, пивото служи да го испере непцето и да го подготви за налетот на вкусот на скарата.
Од друга страна, виното на целата таа гастрономска рапсодија и дава поинаква нота.
Прва битна работа е тоа дека со скара заедно одат помалку силни вина. Идеален избор е розе.
Исто така и белото вино, ќе ја омекне мрснотијата, а уште поубаво ако е надградено со кисела вода. Но, доколку „шприцер“ е под вашата винска чест, тогаш разиграно пенливо вино е идеален елегантен чистач на непца.
И ефтино лесно црвено вино може да изигра позитивна улога.
Пенливо вино совршено е за пилешко на скара, мелено месо и колбаси.
Совињон блан е најдобар пријател на пилешки крилца.
Шардоне сака добро печени мрсни кременадли.
Розе сака вкус на пилешко, но не е ни против кебапчиња.
Сув ризлинг е вино за колбасичари.
Каберне фран е едно од најприлагодливите вина. Обогатено со специјално испечени печурки на скара, ќе воодушеви со дебели домашни колбаси.