Винарија Арсовски

На југот од ридестиот Балкан, каде сонцето ги истура своите зраци, а господ ја благославил почвата со слад и милост, тоа е нашето Кавадарци.

Панче Арсовски како голем љубител на вино одлучи во 2018 година сам да прави вино за себе и за своите пријатели. Овој индивидуален производител за сега има винарија со капацитет од околу 3.000 литри во која прави црвени вина од сортите Вранец и Каберне Совињон и мала количина на бело вино од сортата Ризлинг. Нема во сопственост лозови насади, а грозјето за вино потекнува од месноста Овчка река, Кавадаречко.

И бидете наш пријател, засекогаш !!!