Специјалитет на денот.

Љубителите на вино, овој пијалок го консумираат секојдневно и во секоја прилиа. Но што велат правилата кога станува збор за правилна комбинација на виното со риба, месо и десерт:

Со рибите најчесто се преферира бело вино, бидејќи белите вина многу подобро се сврзуваат со лесната храна. Со некои видови на риба може да се искомбинира и црвено вино со помало количество танини. Рибите кои имааат структура на црвено месо како на пример лососот и туната, добро се вклопуваат со полесни црвени или розови вина. Раковите или школките добро одат со сладникавите вина, додека за чадениот лосос совршена ком­бинација би бил добро разладен шампањ.

Вински предлог: Chardonnay

Кога станува збор за <strong>месото</strong>, изборот на виното зависи од повеќе фактори, првенствено дали месото е припремано со сос, каде тој станува доминантен и самото вино треба да се приспособи во однос на него, ако се работи за бел сос тогаш добра прилика е полно бело вино. Доколку сме избрале сочни парчиња месо како што се бифтекот или рамстекот, полно црно вино е совршениот избор, бидејќи белковините ги ублажуваат танините и виното станува нежно. Кога станува збор за јадања од живинско потекло, како храна со релативно неутрален вкус, најголема улога ќе имаат додатоците или сосовите како водич за избор на вистинското вино.

Вински предлог: Vranec



Кога станува збор за <strong>слатки јадења</strong> или десерти вистинскиот избор се полуслатките, слатките вина или ликерските вина. Денеска кога чоколадата е многу актуелна, десертите на база на чоколадо совршено одат со потешко црно вино.

Вински предлог: Cabernet Sauvignon