Доколку обожавате малини – ќе ви се допадне овој рецепт.
Потребни состојки:
125 гр путер
150 гр малини
150 гр брашно
150 гр шеќер
Две јајца
Половина лажичка прашок за печиво
3 лажици млеко
2 лимони
90 гр шеќер во прав
Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени и обложете го тавчето со хартија за печење.
Во чинија ставете 100 гр малини и додајте лажица брашно.
Во друг сад измешајте шеќер и путер и изматете. Изматете ги и јајцата, а потоа додајте го преостанатото брашно и прашокот за печиво. Додајте млеко и рендан лимон, а потоа додајте ги малините и промешајте ја смесата.
Сипете ја смесата во тава и печете околу 45 минути. Останатите 50 гр малини промешајте ги со сок од лимон и шеќер во прав, а со лажица згмечете ги малините.
Исцедете го преливот, а потоа премачкајте го врз топлиот колач. Оставете го да се излади па по желба декорирајте со малини.