Филмски вински грабеж во париското подземје

Тоа што не знаевме ние, а очигледно знае група француски крадци, е дека во катакомбите под Париз се чуваат големи резерви на старо квалитетно вино. Овие резерви само што се намалија за вино во вредност од 250 илјади евра.
Од приватен вински подрум сместен на некои си 20 метри длабочина во катакомбите под француската престолнина, украдени се околу 300 шишиња старо вино во вредност од четвртина милион евра, или во просек околу 830 евра од шише.
Целиот грабеж е филмски разработен. Крадците ја идентификуваат локацијата на винскиот подрум (подземната мрежа има тунели во должина од 250 километри), наоѓаат начин да се влезат во катакомбите и од таму прават дупка во таванот на визбата. Нивната “берба” е составена од “grand cru” вина.
“Веруваме дека претходно имале неколку посети на визбата; осомничените не избрале по случајност да го пробијат конкретниот ѕид,” изјавил портпаролот на париската полиција.
Самите катакомби навечер се комплетно затворени за јавноста, а и преку ден само околу 2 км од тунелите се достапни за посета и тоа исклучиво со туристички водич.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *