Златни медали за вината на „Тиквеш“ од престижниот China Wine & Spirits 2017

Винарската визба Тиквеш го надмина минатогодишниот успех остварен на најголемиот и најценетиот натпревар на вина и жестоки пијалаци на азискиот континент, што се одржува во Хонг Конг, Кина. На годинешниот China Wine & Spirits 2017, врвното тероар вино Бела вода (бело) 2016 е наградено со двоен златен медал, а црвеното Бела вода 2015 со златен медал. На истиот натпревар минатата година, Тиквеш освои два златни и еден сребрен медал, стои во соопштението.
За значењето на овие високи награди за вината на Тиквеш говори и податокот дека тие се освоени во конкуренција од над 5.000 светски вински брендови коишто се селектирани и оценувани од страна на претставници на најголемите увозници на вино, ресторани, хотели, специјализирани продавници и трговски ланци во Кина, кои прават нарачки од над 90 милиони шишиња вино годишно.
„Исклучително сме задоволни од повторувањето на минатогодишниот успех на овој натпревар. Тоа го зајакнува потенцијалот за унапредување на позициите на нашите врвни вина на овој голем вински пазар, каде конкуренцијата е голема и ја сочинуваат водечките глобални вински брендови и производители. Веруваме дека тоа ќе има влијание врз зголемувањето на пласманот на нашите вина на кинескиот пазар, бидејќи оценувањата и наградите ги доделуваат оние што точно знаат што сакаат потрошувачите на кинескиот пазар“, објаснува генералниот директор на Тиквеш, Радош Вукиќевиќ.

FOTO-2_Domain-Lepovo-Grand-Cuvee-580x419
На годинешниот натпревар во Кина златен медал му е доделен и на премиум виното Гранд Куве од бербата во 2015-та, произведено во винарницата Домен Лепово. Со вакво високо признание ова вино од бербата 2013, беше наградено и минатата година. Повторувањето на успехот на вино од овој премиум бренд е потврда за неговиот висок квалитет и севкупна вредност, што особено се цени во винскиот свет и претставува одлична препорака за познавачите и купувачите на премиум вина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *