Кога нареден пат ќе наздравите со чаша црвено вино, слободно наздравете и за бројните здравствени придобивки кои се кријат во неа.
Речиси секој кој живее стресен начин на живот (а кој не живее под стрес во денешно време?) знае дека чаша вино е одличен начин за опуштање. Најдоброто од сè е што оваа навика доаѓа со бројни здравствени придобивки. Во продолжение, дознајте за што точно се работи.
Виното го намалува холестеролот
Црвеното вино има значителен ефект на намалување на нивото на холестеролот. Така барем тврди истражувањето на Универзитетот од Мадрид. Здравите учесници во истражувањето го намалиле својот холестерол за 9%, додека кај испитаниците со високо ниво на холестерол, тој се намалил за 12%.
Виното го штити вашето срце
Антиоксидансите кои се наоѓаат во црвеното вино ја зголемуваат флексибилноста на крвните садови и така го намалуваат ризикот од нивно затнување. Меѓутоа, бидете внимателни, бидејќи претераната консумација на алкохолот може да има штетно влијание на вашето срце.
Виното го контролира нивото на шеќерот во крвта
Грозјето е богато со ресвератрол, природна состојка која им помага на дијабетичарите во контрола на нивото на шеќерот в крвта.
Виното ја забрзува работата на вашиот мозок
Ресвератролот го подобрува памтењето и спречува формирање на одредени протеински соединенија кои се еден од главните причинители на Алцхајмеровата болест.
Виното може да ве излечи од настинка
Благодарение на антиоксидансите кои се наоѓаат во црвеното вино, оваа зима би можеле да останете здрави. Некои научници веруваат дека токму антиоксидансите се борат против инфекциите и ги штитат вашите клетки од слободните радикали. Сето ова би можело да игра важна улога и во спречувањето на ракот и други заболувања.