Научете нешто повеќе за грчките вина

Грција е насочена кон производство на квалитетни вина во мал обем. Околу 5 милиони литри вино се произведуваат годишно со што Грција ја става во рангот на најважните вински региони.
75 локални видови винова лоза се одгледуваат во Грција. Најголем дел од нив се домашни видови кои не може да се најдат надвор од земјата. Најстарите археолошки докази за мелење грозје во светот се пронајдени во Грција.
Првиот грчки регион за кој постојат докази дека комерцијално ги промовирал и извезувал своите вина низ Медитеранот е Крит, околу 2700 пне. Култот на Дионис, богот на виното, во Грција е донесен од Азија околу 1300 пне. Фестивалот во чест на Дионис вклучувал спортски натпреварувања, театарски претстави и поетски натпревари. Во денешно време се организираат регионални вински фестивали и саеми во текот на целата година. Селскиот туризам поврзан со винарство е исто така одличен начин да се открие на кој начин традицијата се комбинира со современата технологија во малите винарии.
Еден од првите обиди да се искомбинираат туризмот и винарството е туристичкиот ресорт Порто Карас на Ситонија, Халкидики. На имотот се произведуваат голем број врвни вина и е најголемиот регион во Грција каде се произведува органско вино.

Table above sea for two.
Сезоната на берба на лозјата во септември се нарекува Тригос (Trygos) и секогаш е пропратена со поголеми или помали прослави низ цела Грција. Народното име за септември е Тригитис (Trygitis) (гроздобер). Народните песни танци за време на гроздоберот се многу весели. Во Атина постојат голем број песни кои се пееле во таверните од 1900 до 1940тите во кои се воспева виното, особено локалното вино Рецина збогатено со арома на борова смола.
Најстарото вино со ознака за географско потекло од Грција доаѓа од областа Месиниа (Messinia) и се нарекува Дентис (Denthys). Околу 30% од винските насади во Грција се посветени на одгледување на винова лоза со регистрирано географско потекло. Повеќето од нив се наоѓаат (според хектари) во региони на Пелопонез, северниот и јужниот Егеј.
Современите истражувања и развојот на винарството започна во 1970-тите и оттогаш е во постојан раст вклучувајќи го производството на широк асортиман на органски вина. Секоја година грчките вина од мали и средни винарии добиваат голем број признанија за квалитет и иновации на значајни маѓународни манифестации.

Greek-wine-and-view
Островите Самос, Лимнос, Санторини и градот Патрас произведуваат одлични мускатни вина, секое со своја специфична боја и арома. Нама (Nama) е слатко вино кое се користи за Причест во црква а може да се купи во продавниците низ цела Грција.
Вилијам Шекспир го воспеваше Малваза (Malvaza), вино кое и денес се произведува во градот Монемвасија (Monemvasia) (Malvazia) на Пелопонез.
Како што е обичај во Јужна Европа во Грција виното се консумира во умерени количества и се поврзува со добра храна и дружба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *