Не само за да се прослават убави моменти во животот, туку чаша пенливо вино било добро да се пие дневно за линијата и против деменција? Има докази.
Во продолжение, дознајте ги петте причини зошто да се отвори пенливо вино без повод:
1. Ја подобрува меморијата
Пред две години научници од Reading University им давале на стаорци пенливо вино секој ден во период од шест недели, а потоа ги пуштиле низ лавиринт. Резултатите: без пиење пенливо вино стаорците имале просечна стапка на успех во лавиринтот од 50%, и 70% после некоја голтка пенливо вино. Значи, добар е за меморијата.
2. Пенливото вино е добро за срцето
Студија откри дека пенливото вино содржи високо ниво на полифеноли (антиоксиданси што ги има во црвеното грозје, но помалку во белото) кои можат да го намалат крвниот притисок и да се превенираат проблеми со срцето.
3. Човек полесно се опијанува, ама и многу побрзо се трезни
Пенливото вино брзо „фаќа“ што не е секогаш добра работа, а помага за подобро расположение. Но ефектот не трае долго. За околу 45 минути човек ќе биде потрезен од некој што испил чаша обично вино.
4. Пијалак добар за кожата
Прскање со пенливо вино во лицето, како што тоа го прават возачите на Формула 1, може да биде скап, но и ефикасен детоксификатор. Пенливото вино ја детоксифицира кожата со антиоксиданси.
5. Пенливото вино содржи помалку калории од виното
Петтово тврдење не важи ако се консумира неумерено.