Германските винарии ја заоркужуваат една од најплодните години

Германските винари се на пат да ја соберат најголемата жетва на грозје од речиси 20 години по долгото топло лето кое му наштети на многу други насади, пренесуваат светските агенции.

Реколтата од грозје е крената на 95 проценти, соопшти Германскиот институт за виното.

Трговска организација очекува винарите да добијат 1,07 милијарди литри винска шира – сокот од пресување на грозјето, кој е меѓу првите чекори во производството на вино.

Ова количество е со 23 отсто над просекот за изминатата деценија и најголемата жетва од 1999-та година.

Институтот наведува дека очекува од топлото лето да биде добиено квалитетно вино, особено за белото грозје и силните црвени вина.

За земјоделците кои работат со други култури, годината беше тешка. Германската влада им компензира на илјадници земјоделци кои претрпеле штети од топлото време.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *