Експлодираа 30.000 литри шампањ

Необична експлозија на шампањ веројатно ги натера љубителите на пенливи вина да прогласат ден на жалост кога се појави снимката на која овој пијалак се прелева од фабриката како од чаша.

Станува збор за снимка на која се гледаат 30.000 литри Просеко како одат во неповрат по хаваријата во италијанска винарија.

Резервоарот под притисок експлодирал зошто имало премногу персонал кој работел во него. Сепак, овој тажен момент за љубителите на Просек, испадна идеален момент за љубителите на видео клипови откако оваа хаварија од далеку изгледаше како пенлив пијалак да прелева чаша.

Винаријата која на Фејсбук ја објави оваа снимка, за кратко време доби речиси 500.000 прегледи и покрена илјадници коментари под овој клип.

https://www.facebook.com/562282653908218/videos/460038181167001/

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *