Заврши бербата на грозје во најголемот лозаровнарски регион во државата, Тиквешкиот. Трајче Кулев, претседател на Здружението „Напредни лозари„, вели дека сега се сумираат резултатите од гроздоберот. Се утврдуваат количините набрано грозје, постигнатите цени и начинот на плаќање. Слободно може да се каже, нагласува тој, дека гроздоберската сезона помина без поголеми проблеми.
-Интересно е да се каже дека голем број на тиквешани својот годишен одмор кој им следува на работното место, наместо на море, го искористија крај морето од лозја. Како прво, тоа го сторија оние кои имаат сопствени лозови насади, а не можеа да најдат аргати за бербата, поради тоа што голем дел од оние кои порано аргатуваат, сега работат во фабрика. Како второ, годишниот одмор го искористија за на гроздобер оние кои на работа имаат ниски плати, па решија да заработат денар плус со берба на грозје, бидејќи аргатските дневницидостигнуваа и до илјада денари. Кој ти дава дваесет илјади денари за дваесет дена работа и тоа со нормално работно време, по ладовина, додава Кулев.
Тој се надева дека доаѓаат подобри денови за лозарвинарството. Вели дека за следната сезона, лозарите порано ќе ги почнат преговорите со винарите со посредство на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со цел повисоки цени за килограм грозје и побрза исплата.