Од 23 до 24 ноември, трето издание на винскиот салон – Винодонија

Третиот по ред Скопски вински салон – Винодонија 2018, симболот на винската култура и најзначајниот вински настан во Македонија, организиран од група вински ентузијасти, под покровителство на Здружението на сомелиери на Република Македонија, ќе се одржи на 23-ти и 24-ти ноември (петок и сабота) во Хотел Мериот Скопје.
На настанот ќе имаате можност да дегустирате повеќе од 300 вина од над 40 винарии од земјава и странство кои ќе бидат изложувачи на Винодонија 2018. Покрај дегустација на вино, ќе има и дегустација на најразлични домашни и увозни сирења, сувомесни производи, маслинови масла, како и работилници (специјални, ексклузивни и мастер клас дегустации), предавања, спарување на вино и храна, ексклузивна гала вечера и сл.
Како и за минатите изданија, така и на ова издание винотика.мк ќе ги следи сите актуелности кои ќе го најават најголемиот вински салон во Македонија, и се разбира ќе известува од самото место на настанот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *