Во духот на македонската традиција, со чаша вино, погача и сол беа пречекани коњаниците кои од неколку градови од државата по повод Илинден пристигнаа во Крушево.
По пречекот на коњаницата во домот на култура „Наум Наумовски Борче“ беа отворени изложбите „Крушевска одаја“ на здруженијата „Крушевска жена“, Здружение за угостителство и туризам“ и здружение за хумани односи, и „Уметнички мозаик“ на здружението АН – БЛОК“.