Изминатиот викенд во ресторанот Канео, на преубавото охридско крајбрежје во некогашната истоимена рибарска населба, се оддржа првото издание на „Вински Тераси“, ексклузивен вински настан во организација на Македонската Асоцијација на Сомелиери – МАСОМ.
Целта на проектот е претставување на високо квалитени македонски вина на странските и домашните туристи, преку едукативен и дегустациски карактер во сомелиерски манир.
Винариите ВВМ „ГД-ТИКВЕШ“, Тиквеш, Стоби, Бовин, Камник, Венец, Сопот, Езимит, Далвина, Пуклавец го искористија настанот и несебично ја дадоа својата поддршка нудејќи ги своите премиум и најнаградувани вина за дегустација. Поддршката не изостана ниту од Министерствотот за економија со што преку програмата за развој на туризмот за 2019та година го препознаа настанот како програма за збогатување на туристичката понуда во Охрид во текот на летната сезона. Настанот побуди огромен интерес кај странските и домашните туристи помеѓу кои беа присутни и видни личности од јавниот живот. Охриѓани го поздравија настанот со препорака за одржување на поголем број вакви настани во годината.
„Накалемивме една нова меѓународно препознатлива винска култура врз цивилизациска важна подлога, Охрид. Нема сомнеж дека ќе вроди плод. Сега сме во фаза кога треба да се грижиме околу “лозата” и да веруваме во тоа што го работиме. Придобивките треба да ги очекуваме во насока на подигање на квалитетот на туристичката понуда повлекувајќи ја и гастрономијата нагоре, но и засилувајќи ја промоцијата на македонскиот вински регион” изјавија од МАСОМ.“