Ненајавените гости често знаат да Ве фатат неподготвени. Немањето доволно храна или пијалок е секогаш проблем, исто како и топлото вино. Но, не очајувајте, вратете ја насмевката, порачајте пица, а виното изладете го на следниот начин.
Наполнете голема чинија со вода и мраз и додадете сол. Целото шише треба да се потопи, за да побрзо се спушти температурата.
Солта е важна затоа што создава хемиска реакција што ја намалува точката на замрзнување на водата, што значи дека побргу ја намалува температурата и на тој начин го лади виното.