Во чест на бербите на грозје кои се во полн ек, но и со желба да се прослави вкусот на македонското вино искомбиниран со превкусни мезиња, закуски и десерти во магично опкружување на ресторанот „Шумски фенери“, во петок, 6 септември со почеток од 18 часот ќе се оддржи првото издание на „Ноќ на виното“.
Присутните ќе имаат можност да дегустираат дел од ексклузивните вина на пет македонски вински брендови: Бовин, Камник, Стоби, Винарија Лазар и Венец.
Целиот настан ќе биде проследен со специјално подготвено музичко шоу кое ќе ја надополни магичната ноќ на виното.
Цената на влезницата е 800 денари, а резервациите кои се во ограничен број се вршат на следните телефонски броеви: 075 395 213 и 047 293 030.