Винаријата „Стоби“ беше дел од престижниот Annual Winebow Vintners’ Harvest.
На 28мото издание на една од најпрестижните вински манифестации која се оддржува во Њу Јорк, посетителите од целиот свет имаа ексклузивна можност да дегустираат дел од врвните вина на винаријата „Стоби“.
Она што е од особена важност е дека настанот е воглавно наменет за трговци со вино и претставници од медиумите кои се и тоа како важни играчи во освојувањето на нови пазари.