Црвеното вино ја зголемува плодноста кај жените

Резултатите од ново истражување спроведено во САД покажалe дека жените кои пијат чашка црвено вино неделно имаат поголема плодност отколку жените кои не консумираат вино, а научниците сметаат дека тоа е последица на антиоксидансите со кои изобилува овој напиток.

Во истражувањето учествувале 135 жени на возраст од 18 до 44 години кои во својот дневник запишувале колку вино пиеле во текот на еден месец.

Во тој период редовно посетувале ултразвучни прегледи за да имаат точни податоци за фертилитетот.

Резултатите од истражувањето покажало дека жените кои редовно пијат црвено вино, без разлика на другите фактори, имаат подобра резерва на јајце клетки.

Научниците напоменуваат дека овие резултати покажуваат дека се во предност единствено жените кои пиеле умерени количини на црвено вино, односно пет чашки месечно.

Покрај тоа, нагласуваат дека резултатите од ова истражување треба да бидат земени со доза на резерва бидејќи студијата не покажала дека единствено и строго црвеното вино е одговорно за зголемување на плодноста.

Претседател на британското здружение за плодност, Адам Бален, за The Times изјавил дека истражувањето е интересно, но дека се неопходни понатамошни истражувања на оваа тема за резултатите да бидат докажани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *