Втора година по ред, во ексклузивниот хотел Мериот во Скопје ќе се одржи Скопскиот вински салон- Винодонија 2017.
Салонот кој е прв од ваков вид во земјава, а е организиран од група на вински критичари, едукатори и судии под закрила на Здружението на сомелиери на Република Македонија, годинава ќе се оддржи на 1ви и 2ри декември.
По огромниот успех кој Винодонија го доживеа минатата година и на едно место успеа да ги собере винариите од Македонија, како и од Балканот, и многу други европски земји како Италија, Франција, итн. оваа година по втор пат ќе ги собере сите чинители на винската индустрија, вински љубители, критичари и новинари, како и преставници од ХоРеКа секторот, бизнис заедницата и преставници од амбасадите во земјава и пошироко.
Единствена можност да дегустирате повеќе од 300 вина од над 40 винарии од земјава и странство кои ќе бидат изложувачи на Винодонија со купување на дневна карта за салонот која ќе чини 490 денари- картата ќе може да се купи на денот на одржување на салонот, а наскоро ќе бидат пуштени и во онлајн продажба на Купи карти за се. Програмата на салонот вклучува и работилници и мастер класови кои ќе ги заинтригираат сите вински љубители, а некои од нив ќе бидат следниве: Едукативна работилница со експерт за чаши од Риедел, најпознатата компанија за производство на чаши за винска намена во светот, Мастер клас на споредба на црногорски вранци со македонски, Спарување на македонски вранци со интернационална модерна кујна, Мастер клас за пенливи вина од дното на Јадранот и вина од амфора од Хрватска, Тајните на станушината- македонскиот пино ноар, Мастер клас на бугарски вина, Спарување на далматинска храна и македонски вина и многу други.
Цената за картите за секоја од работилниците и мастер класовите ќе почнува од 1000 денари и за истите ќе биде потребна резервација со оглед на фактот што местата се ограничени. Програмата на Скопскиот вински салон- Винодонија 2017 ќе биде објавена наскоро.