Една британска компанија, специјализирана за производство на кашкавали со необични ароми, дури и со виски, повторно се надмина.
Таа го искомбинира класичниот кашкавал од областа Вензлидејл со виното просеко и на сето тоа додаде малини, за да добие уникатна розева боја за овој млечен продукт.
И додека едните ја опишаа идејата како генијална, други не се баш така воодушевени, особено што е вклучен и алкохол.
„Виното му дава на кашкавалот доза на киселост, како баланс за благите малини. Бидејќи просекото е многу популарно, тоа беше совршен избор за нашиот нов производ, кој одлично се надоврзува на нашата палета, што вклучува различни алкохолни ароми. На тој начин добивме кисело-благ млечен производ“, појаснија од компанијата.