Патувањето по винските региони што сите љубители на вино со задоволство би ги посетиле е секогаш возбудливо и интересно. Еве уште еден мал предлог каде се можете да уживате во магијата на виното.
Алсак се наоѓа во Франција, но и покрај тоа, виното се произведува претежно од германски сорти на грозје. За разлика од Германија, каде што виното се именува според сортата, во Франција името го добива според регионот каде што е произведено. Поради ова, виното произведено во Алсак е тешко да се категоризира, бидејќи спаѓа и во германски и во француски видови. Цената на виното е ниска, а квалитетот е врвен.
Риоха, Шпанија – таму се произведуваат некомерцијални вина, а попознати се темпранило, тарнача, мазуело, грасиано, виура, малвасиа и гарнача бланко. Исто како и во Алсак, виното е евтино, но со одличен квалитет.
Брегот на Рона (Кот ду Рон), Франција – таму се одгледуваат одбрани винови лози, а виното е познато низ целиот свет и секогаш има највисоки оценки кога е квалитетот во прашање. Особено е голема побарувачката на црвено вино, кое што исто така е доста евтино во однос на квалитетот кој што се нуди.
Сицилија е едно од местата во Италија што вреди да се посети, без разлика дали туристот е љубител на вино или не. Иако се наоѓа на „ѓонот на чизмата“, на Сицилија се остварува најголем дел од производството на вино во Италија. Таму се произведуваат веќе познатите каберне совињон, каберне блан и мерло, но и локални сорти како инзолиа или катарато бјанко.
Јужна Африка не е конкретно место каде што се произведува вино, но низ целата територија има мали локални винарии кои што не напреднале поради економската криза изминатите години. Некогаш се произведувале вина со најлош квалитет, а денес тоа се менува и производителите се посветени на што подобар производ.