Може ли виното да биде добар сојузник за симнување на вишокот килограми?
Многумина на ваквата можност би одмавнале со рака, но некои стручњаци, воедно и уживачи во виното, даваат позитивен одговор. За пивскиот стомак има секакви шеги, но вински стомак, како поим, едноставно не постои. Стручњаците тврдат дека виното помага во одржување на витката линија. Секако, само ако во него се ужива умерено. Во ова, жените постигнуваат дури подобри резулати од мажите. Тајната е во тоа што виното го потикнува човечкиот метаболизам да согори многу повеќе калории одошто може да се залепат додека се пие виното. Значи, калориите од виното воопшто не стигнуваат да се наталожат во масни наслаги.
Кој сака да изгуби некоилку килограми, би требало секојдневно, со секој оброк, да се напие чаша вино. На жените им се препрачува нешто помала количина одколку на мажите. Во ваквата необична, ама вкусна диета може да се пијат белите, розови и црни вина, но со помалку алкохол. Но, никакао не смее да се претера во оваа диета.
Црвено вино наместо бело
Црвеното вино е одлично за крвата. Бидејќи температурите опаѓаат навечер слободно можете наместо бело да се напиете црвено вино. Ако една чаша црвено вино се испие во текот на јадењето, тоа го зголемува нивото на добриот холестерол (ХДЛ), и помага во аретириите и вените да не се создаваат грутки крв. Виното исто така го подобрува варењето. Но стручњаците велат дека не е добро да се пие повеќе од 2-3 чаши вино на ден. Оној кој ќе претера, ќе има проблеми со здравјето: од повишен пртисок, нарушување на ритамот на срцето, до тровање на јетрата.