Лозари од тиквешкиот регион најавуваат протест за понеделник, поради, како што истакнуваат, неисплатени пари за грозјето.
Претставникот на лозарите Трајче Кулев, денеска изјави дека на некои од нив им должат пари и за грозјето од 2014 и 2015 година.
– Ги повикуваме сите лозари кои имаат побарувања за неплатено грозје да ни се придружат. Доколку винариите кои ни должат останат глуви на нашите барања, ќе преземеме и порадикални мерки како блокирање на патишта, рече тој.