Александар Гугоски прв доплива до големото буре со вино

И покрај студеното и врнежливо време, во духот на традицијата пештанци и на овој Свети Јован се искапија во езерските води, одбележувајќи го на тој начин Денот на рибарите.
Помеѓу бројните рибари кои влегоа во студените води најсреќен беше Александар Гугоски, кој прв стигна до големото буре полно со вино.
До малото буре кое исто така беше полно со вино прв дополива Марино Палоски.
Вообичаено на Свети Јован завршува забраната за лов на пастрмка, позната во охридско како „татиљ“. Во наредниот период ќе започне риболовот за потребите на вештачкиот мрест на пастрмка што го спроведува концесионерот на Охридското Езеро.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *