Лозарите од Кавадарци на средба со донесувачите на одлуки и винариите

Во петок, 26 јануари 2018 година, со почеток во 17 часот, по иницијатива на група лозаропроизводители и Градоначалникот Митко Јанчев, ќе биде организирана трибина за формирање ново здружение на лозаропроизводители.
Трибината ќе се одржи во Домот на култура „Иван Мазов Климе“, а на истата покрај градоначалникот Митко Јанчев, ќе бидат присутни и претставници од винарските визби, пратениците од Кавадарци и лозаропрозиводителите.
На оваа трибина отворено ќе се разговара за сите проблеми со кои се соочуваат земјоделците кои сакаат да добијат ново здружение кое ќе функционира поефикасно и кое ќе ги застапува нивните права.
Трибината е отворен карактер и сите заинтересирани можат да присуствуваат на истата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *