Вековната приказна на Боемот

…и кога сите теми беа исцрпени во омилената гостилница каде се собиравме секој понеделничка вечер веќе со години, пријде едно младо момче до нашата маса, онака со прашалници над глава. Се извинувам, имам една дилема па сакам за совет да се обратам до Вас. Ве слушам како често разговарате за виното, лозјето, гроздоберите и нашите традиции. Повелете, му реков на момчето, повелете.
Откако му наточивме чаша рујно вино, од нашето, тој се отвори. Дедо ми почина неодамна, па во тестаментот ми остави поприлично голема површина земја, па решив да станам земјоделец. Ми велат дека оревите се многу исплатлива култура, но се чека долго време за првиот род. После тоа берењето било мачно, барало кичма, па чувањето од арамии, и што уште не. Сепак оревите не барале голема количина вода, ниту орање, копање, прскање, и немало трошоци за одгледување. Велат што повеќе стебла, токлу повеќе пари, а и пласманот бил сигурен. Сепак само останува чекањето до првиот род. Прашањето ми е дилема, што да правам???
Без размислување му одговорија на масата, пријателе, твојот дедо и твоите претци, на таа земја со години ја негувале виновата лоза. Зарем ти се чуствуваш повиканиот да ја менуваш историјата?
Момчето подзамислено… Ви благодарам, најдобро е да го прекиниме разговорот. Сега знам зошто и од каде е Вашата сила…..во вашата љубов кон сопствената земја и богата традиција. Ви благодарам уште еднаш. Сега знам како е на иста софра да се биде со тајфата на боемите.
Таа вечер, збор не изустив, а се чуствував убаво. Ете, понекогаш и тишината знае да ја раскаже нашата вековна приказна, приказната на виното…
Боемот

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *