Проблемот со виното кое останува во отворено шише долго време е инспирација за многу иновативни студија да развијат технологија со која ќе се овозможи и веќе еднаш отворено вино да ги зачува своите карактеристики и специфики.
Последната од низата иновации е на студиото Коравин кое го промовираше моделот Coravin Model Eleven.
се работи за механизам кој не го отвара шишето туку виното се точи преку игла која се вбризгува во тапата, се со цел шишето да остане затворено, а со тоа и виното да може да трае подолго време.