Втората промоција во новата сезона на дегустација во винаријата Попова Кула ќе биде во знакот на автохтоната Станушина од бербата 2015 во комбинација на димен колбас и пршут.
Бидете и вие дел од промоцијата на ова уникатно црвено вино. Основниот дегустационен пакект вклучува
-1 Чаша Станушина берба 2015
-порција димен колбас и пршут
-винска тура
по промо цена од само 200 денари.
Предлог Мени за ручек – Промоција на Станушина 2015
Сезонска салата
Главно јадење – Свинско селско
Десерт – Раванија
Цена 660 мкд
Нашата Станушина е румено вино со интензивна арома на јагода, малина и сув лист. Станушината е вино за секој ден и секоја прилика, со траен впечаток на свежина и леснина.
Резервации на 076 432 630 или на e-mail: reservation@popovakula.com.mk