Пробајте свинско месо со бело вино и јогрут

За вкусен оброк не секогаш Ви требаат неколку часови за подготовка и еден куп садеви за миење зад Вас. За денешниот оброк Ви предлагаме пржено свинско месо со бело вино и јогурт кое се подготвува многу брзо.
За овој оброк ни требаат: 500 гр свинска удина, 1 филџан (100 мл) бело вино, 1 филџан јогурт, 1-2 лажици сенф и 1 лажица мешан зачин, вегета.
Го сечеме месото на помали парченца, па малку го подваруваме. Потоа го пржиме додека убаво порумени,. Го додаваме белото вино, јогуртот, сенфот ,зачините , мешаме и оставаме некоја минутка да извари течноста.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *