Над 25.000 литри вино беа испиени на годинешното издание на традиционалната туристичко-стопанска манифестација „Тиквешки Гроздобер“ кој го посетија повеќе од 70.000 посетители.
– Фестивалот е уште поуспешен од минатата година. Година во која мислевме дека бевме сведоци на најдобриот фестивал до сега, но еве, можело и подобро. Нема ништо поубаво од насмеани ликови, кренати чаши со вино за здравица, распеани друштва – истакна градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев.
Според него, огромен успех е фактот дека во вечерта која беше најпосетена со околу 70.000 посетители, не беше забележан ниту еден инцидент.
– Безбедноста на сите учесници и посетители на фестивалот беше на едно високо ниво, кое треба да ни биде пример за тоа како се работи во такви услови – истакна Јанчев.