Вино зачинето со токсична билка можеби е причината за труењето кое ја предизвикало смртта на големиот Александар Македонски, тврдат научниците од Нов Зеланд.
Смртта на еден од најголемите освојувачи во светската историја кој починал во 323 година пр.н.е., на 33-годишна возраст по 12-дневната агонија сеуште е мистерија и предмет на расправа, иако историчарите веруваат дека е предизвикана од маларична треска.
Но, според „Дејли меил“, истражувачите од универзитетот Отаго од Нов Зеланд велат дека виното што ги пиел Александар Велики било зачинето со билка која преку ферментација станува смртоносна.
Шефот на истражувачкиот тим, Лион Шеп, токсиколог во Националниот центар за отрови на Нов Зеланд, смета дека билката што го била фатална за Александар Македонски е хелеборус.