Српската пејачка Лепа Брена која е на прагот на шестата деценија, вели дека нејзиниот младешки изглед се должи на здравиот начин на живот, режим на исхрана и доброто вино. Денот го пчонува со јога, нешто што ѝдава сила и елан, а преку ден или навечер сака да јаде риба и да испие добро вино.
„По утринското кафе вежбам јога. Ги исфрлив сите млечни производи од исхраната. Тоа е начин на исхрана кој ве прави сити, а не чувствувате дека сте прејадени и да чувствувате тежина во желудникот“, објаснила Брена.
Пејачката често се фали на социјалните мрежи со фотографии, а многумина ја сметаат за најсекси баба на балканот. Брена ги има исфрлено млечните производи од исхраната. „Во вечерните часови, јадам овесна каша од ленено семе, како и свежи малини и капини“, изјавила Брена во интервјуто за Хит Информер.
Брена во една прилика раскажала дека во нејзиниот здрав начин на живот не се вклопуваат настапите по полноќ.
„Морам да признаам дека не ми одговараат новите правила според кои настапите почнуваат по полноќ. Тоа е нездраво и не знам кон што ќе води. Не ми е јасно зошто забавите во ноќните клубови почнуваат толку доцна. Ќе се обидам да ги избегнувам во иднина и ќе ги закажувам во термини кога луѓето во нив ќе можат да уживаат без пореметување на утрешните обврски“, вели Брена.