Да, да, добро прочитавте, доколку сакате да изгубите некој вишок килограм диетата со вино и сирење ќе направи чуда за вас. Ваше е само уживате, а комбинацијата од корисни состојки во сирењето и црвеното вино ќе си го направат своето.
Лекарите слободно советуваат да пиете чаша црвено вино секој ден за здраво срце. Уште подобро ако го комбинирате со сирење, кое е познато како млечен производ богат со многу хранливи материи. Се смета дека диетата со вино, сирење и леб во текот на три дена може да ви помогне да изгубите 3-4 килограми. Идеална идеја што можете да ја пробате веќе викендов.
Појадок: две парчиња сирење (100 грама), едно парче интегрален леб и една чаша суво бело вино.
Ручек: две и пол парчиња сирење (120 грама), две парчиња интегрален леб, сад со овошје со ниска калориска вредност и една чаша бело вино.
Вечера: едно парче сирење (75 грама), две парчиња интегрален леб и една чаша црвено вино.
Одговорот зошто оваа диета е ефикасна се крие во неколку научно објасниви причини.
Протеини: Сирењето е еден од најдобрите извори на протеини за вегетаријанците. Тоа е млечен производ кој содржи најголемо количество млечни протеини. Мастите на сирењето не се толку високи колку оние на путерот. А немасните сирења се уште поздрави.
Вино: Алкохолен пијалок кој е здрав за вашето срце. Исто така, ви дава сјајна и блескава кожа. Виното е во основа ферментирано грозје, така што е полно со природни шеќери. Значи, технички, вие не конзумирате вештачки шеќер.