Откријте ги мистериозните убавини скриени по патот на виното

Подготвени ли сте да зачекорите по патот на виното и да ги откриете најмистериозните и најдалечни убавини на Тиквешкиот регион?
Почнувајќи од т.н. Ресавски Залив, глисерот ќе Ве однесе 13 километри јужно, поминувајќи покрај стариот град Тиквеш, па сѐ до манастирот посветен на св. Ѓорѓи, познат и како Полошки манастир. Високо над езерото постојат пештерни цркви од 14 век во кои монасите живееле осаменички живот посветен на Бога, а токму една таква е пештерната црква посветена на св Лазар, дел од македонската Света Гора.
Тиквешките услови се посебни за одгледување винова лоза, па многу семејства од овој регион прават домашни вино и ракија, кои едноставно морате да ги пробате. А каде, ако не во семејна винарска визба во Кавадарци. Турата завршува со посета на локалитетот Моклиште. По посетата на Моклишкиот манастир следува вкусна закуска во локалните ресторани.
Според официјалната програма турата започнува во сабота, 28.09.2019 од Кавадарци во 9 часот и 30 минути. Турата вклучува превоз до Ресавски Залив и Моклиште и превоз со глисер по Тиквешко Езеро. Капацитетот на глисерот е осум лица. Потребно време за реализација на турата е околу пет часа.
Поради уникатноста на турата, бројот на местата е ограничен.
Резервирај го своето место на следниот линк https://forms.gle/CfbpMR4rLNtz2x5n8