Фрајле главни ѕвезди на второто издание на Стобилозофи

Стобилозофијата е доктрина со која се учи да се ужива во убавите нешта, без да му се пречи никому, а притоа и никој да не страда поради сопственото уживање. Тоа е филозофија во која се испреплетени и телесното и духовното уживање, овозможена првенствено од вкусовите на врвните вина на Стоби, како и сплотувањето со омилената музика, дополнета со атмосферата и амбиентот во комплексот на винаријата… Сето тоа прави чувството на близок контакт со Стобилозофијата да биде совршено.

Стобилозофијата започна со концерт на популарниот бившојугословенски бенд Црвена јабука, на 23 јуни, во паркот на винаријата, а ќе продолжи со настап на групата Фрајле, на 5 октомври.

Сѐ што треба да направите за ваше двочасовно концертно уживање е да купите влезници преку www.karti.com.mk и www.mktickets.mk, како и на нивните продажни места. Единечна влезница чини 200 денари, а 1.500 денари е групна влезница со резервација за шест луѓе, два вида прекрасно црвено (Stobi Antigona) и бело вино (Stobi Cuvee), како и даска со врвни галички сирења и кашкавал. Секако, ќе има и друга храна (скара, ладни и вегетаријански сендвичи), сокови и вода, кои ќе може дополнително да се купат.

70456287_3566958203329627_6579861211385430016_n

Винаријата Стоби мисли и се грижи и за сите што сакаат да дојдат со своите дечиња, за кои ќе биде обезбедено детско катче, со различен вид забавни содржини, како и грижа и активности од аниматори.

За сите гости е обезбеден доволно простран паркинг-простор.

Стоби за вас обезбеди сенка под шаторот на винаријата, вината се разладени, мезето ќе чека подготвено, атмосферата ќе ни ја збогатат хитовите и рефрените на Фрајле – сосема доволно за љубителите на филозофијата на Stobilosophy да се чувствуваат прекрасно.

Да го продолжиме летото токму в сабота, на 5 октомври, во комплексот на винаријата, и со убава енергија да продолжиме со уживањето.