Синото и портокаловото вино полека излегуваат од мода, а новиот тренд се некои нови, повеќе ексцентрични вина кои ги привлекуваат оние кои секогаш сакаат нешто поразлично од она конвенционалното. Подолу е една сосема интересна листа од неколку необични вина кои се произведуваат низ светот како потврда за инвентивноста, но и „лудоста“ во борбата да се биде необичен и уникатен.
Зачинето вино
Една посебна винарија, недалеку од Филаделфија, Америка, прави дваесет и пет неверојатни вина. Така што можете да пиете вино од јагода или вино од глуварче.
Постои и вино од пиперки халапењо, за сите љубители на зачинети вкусови. Ова вино може да се користи како додаток во коктели, како маринада и како прелив за салата.
Вино направено од грозје од вселената
Во иднина, луѓето би можеле да уживаат во вино чие грозје се одгледува во вселената. Во 2015 година, вселенското летало „SpaceX“ соопшти дека ќе засади грозје во сателит опремен со сите потребни услови за одгледување.
Изгледа дека на грозјето не му е потребно многу вода, што го прави совршен плод за одгледување во вселената.
Метеоритско вино
Пред шест години, извесен Јан Хучеон вметна парче метеорит во буре со вино. Метеоритот е стар над 4,5 милијарди години, се срушил во пустината Атакама пред 6.000 години.
Бидејќи главната идеја му била да ги комбинира астрономијата и производството на вино, овој вид вино е првенствено сувенир.
Вино од тиква
Винаријата во Северна Дакота (Америка) е првата што прави вина од тиква. Ова вино треба да се пие за време на Божиќ, Нова Година и други празници.
Необичниот вкус, што е комбинација на вино и тиква, е исто така идеален за консумирање за време на мрачните есенски денови.